Image result for истанбул нова година

1 ден.06.12.18 Скопје - Истанбул
Состанок на групата во 16:30 часот на Дрво декор. Поаѓање за Истанбул во 17часот Патувањето продолжува преку граничниот премин Богородица. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден.07.12.18 Истанбул
Пристигнување во Истанбул во утринските часови.Панорамски разглед на градот со локален водич: Капали чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот- каде Агата Кристи го напишала својот познат роман „Убиството во Ориент Експрес“ , прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Слободно време наменето за индивидуални активности.Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по Босфор.Ноќевање.

3 ден. 08.12.18 Истанбул
Појадок. Во утринските часови, можност за факултативна екскурзија со автобус и пеш "Топкапи Палата, Аја Софија, Сината џамија, антички Хиподром". Посета на палатата Топкапи со неколку стотици соби, изградена на еден од седумте Истанбулски ридови. Од оваа палата има неверојатен поглед на Златниот Рог, Босфорот и Мраморното Море. Топкапи е претворена во музеј со богати збирки на накит, оружје, облека и порцелан. Посета на Аја Софија, и Црквата на Светата мудрост, еден од најграндиозните храмови изградени од кога било во светот, со непроценлива архитектонска и уметничка вредност. Таа била изградена за помалку од шест години (532-537) во времето на царот Јустинијан и е посветена на Христос како персонификација на Божјата мудрост; претворена е во џамија кога Истанбул е преземен од страна на Турците . Посета на џамијата на султанот Ахмед III, изградена на местото на дворецот на царот Константин 1609-1616, позната како Сината џамија,преубава џамија со шест минариња,наречена е сина џамија поради тоа што преовладува сината боја со која е украсена нејзината внатрешност. Античкиот хиподром бил центарот на општествениот живот на Константинопол (Истанбул). Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија-- шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт,тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века. Вечерта предлагаме факултативен панорамски разглед на европски и азиски Истанбул, поминување покрај Галата Сарај, преминување од европската на азиската страна на Истанбул по мостот Кемал Ататурк-издигнат на 64 метри во воздух по познатиот морски теснец Босфор , ќе уживате во неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот каде се спојуваат црно и мраморно море.Ноќевање.

4 ден 09.12.18 Истанбул- Скопје
Појадок. Во утринските часови напуштање на хотелот. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај Оваа плата ја краси една од најголемите дворски сали осветлена со кристален лустер тежок 4,5 тони, поставен на таван висок 36метри.Токму во оваа плата ги поминал последните денови од својот живот таткото на современа Турција-Кемал Ататурк По посетата заминување во познатиот трговски центар ФОРУМ каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа.Во попладневните часови заминување кон Македонија.Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Цена на аранжманот 75 е/ 4650 денари за уплата до 15.11.2018

Редовна цена 85е/ 5270 денари.

Цената вклучува:

• Превоз со високотуристички автобус.
• Сместување во хотел 3***
• Две ноќевања со појадок.
• Организација и туристички пратител.

Цената не вклучува:

• Факултативни Излети:
• Крстарење по Босфор – 20
• Посета на Долма Бахче сарајот -25€ 
• Топ Капи – 20€ 
• Аја Софија (влезница и аудио опрема) 20
• Посета на Азискиот дел со автобус -15€ 
• Аквариумот Туркуазу е 15
• Патничко осигурување 300 мкд.