Краков
 – бил престолнина на Полска повеќе од 500 години, а денес е еден од најголемите градови во Полска. Град полн со енергија, младост и еден од најголемите Универзитетски центри во Европа. Краков како и овој дел од Полска се смета за Срцето на Полска затоа што е богата со културно - историско наследство. Непроменет за време на II Светска Војна, стариот дел на градот е преполн со цркви и музеи, со доминантниот кралски дворец Wawel кој потсетува на славните денови на полските кралеви со векови. Краков е првиот град во Светот кој историоскиот центар е ставен на листата на UNESCO - светско наследство. Покрај многуте места во градот кој ги препорачуваме да се посетат се и рудникот за сол Wielichka на 15 км од Краков, како и фамозниот концентрационен логор Auachwitz и Birkenau кој се на само 60 км од Краков. Овој шармантен град Ве очекува.

 

 


28.Декември (Петок) СКОПЈЕ – КРАКОВ
Состанок на групата на паркингот спроти Хотелот Holiday Inn во 13.30. Тргнување за Краков во 14.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

 


29.Декември (Сабота) КРАКОВ
Пристигнување во Краков во претпладневните часови Панорамски разглед комбинирано со автобус и пешачки дел. Разглед на стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица... Сместување во хотел. Ноќевање.

 


30.Декември (Недела) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ
Појадок. Препорачуваме факлтативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Вечерта факултативно, посета на пивница. Ноќевање.
31.Декември (Понеделник) КРАКОВ – ВЕЛИЧКА
Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka - најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивотo на земјата. Вечерта, дочек на Новата 2019 година на главниот градски плоштад. Ноќевање.

 


01.Јануари (Вторник) КРАКОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на еврејскиот кварт Казимерц, кој се наоѓа во стариот дел на градот и е центар на ноќниот живот на градот. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Македонија наредниот ден во претпладневните часови.

 

 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

 

189 Евра (11.720 денари)

 

 

 

ЗА УПЛАТИ до 15. Декември:

 

169 Евра (10.480 денари) 

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ОРИЕНТ во Kраков на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Kраков
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Факултативна посета на Auschwitz 35 евра 
- Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka 35 евра 
- Факултативна посета на Готскиот Дворец Wawel 
- Вечера во национален ресторан – пивница
- Задолжително патничко-здравствено осигурување 

  • Доплата за еднокреветна соба 4.000,00мкд 

 

 

 

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Идеал Травел 
- Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањетo