Image result for praga christmas market

1 ден (06.12.2018–четврток) СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата во 16:00 часот на Дрво декор, поаѓање за Прага во 16:30, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден (07.12.2018–петок) ПРАГА
Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник- Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито…
Сместување во хотел. Во вечерните часови индивидуална можност за прошетка низ центарот на Прага. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (08.12.2018-сабота)ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. После појадокот факултативно заминување за Карлови Вари- најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија .. град во кој ќе посакате да останете… .Враќање во хотел. Во вечерните часови факултативна можност  за крстарење по реката Влтава, а потоа  посета на најпознатата Прашка пивница. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање. 

4 ден (09.12.2018-недела)ПРАГА-ВИЕНА-СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Виена околу 10:00 часот. Попатна посета на шопиг центарот Знојмо. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере. Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка.Поаѓање за Скопје во вечерните часови.
Пристигнување  во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 6 000 денари.

 

Во цената е вклучено:

*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

*2 ноќевања со појадок во хотел A&O Strizkov 3* во Прага

*Организиран разглед на Прага со професионален локален водич

*Oрганизиран разглед на Виена

*Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

Во цената не е вклучено:

*Факултативен излет на Карлови Вари -20евра

*Крстарење по реката Влтава -15 евра

*Патничко осигурување-300 денари

 

 Image result for praga christmas market Image result for praga christmas market

Gallery image of this property

Image result for h&o strizkov praga