Image result for venice christmas market

1 ден СРЕДА (06.12.2018)– СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на Дрводекор во 16:30 часот. Поаѓање за Венеција во 17:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ден ЧЕТВРТОК (07.12.2018) – ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и трансфер до Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Вечерта можност за индивидуална прошетка низ Лидо ди Јесоло или посета на многуте пицерии и ресторани. Ноќевање.

3 ден ПЕТОК (08.12.2018)  – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– МИЛАНО
Појадок.Факултативна целодневна посета на еден од најубавите градови во Европа,градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во предвечерните часови заминување кон Лидо ди Јесоло.Ноќевање.

4 ден САБОТА (09.12.2018) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување на собите.Групата се упатува кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за прошетка.Во договорено време поаѓање за Скопје со попатна посета на Палма Нова (познат OUTLET шопинг центар) каде ќе направиме пауза за шопинг, по што се продолжува патувањето, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во утринскитe часови.

Цена на аранжманот: 6 000 денари.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
*Сместување во хотел 3***  2 ноќевања со појадок
*Лиценциран придружник од од Т.А Идеал Травел за време на патувањето
*Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
*Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венеција плус разглед  (20 €)
*Факултативна посета и разглед на на Милано со локален водич (30€)
*Посета и разглед на Верона (10€)
*Патничко осигурување 300 денари

Related image