Image result for нова година виена

 

 1 Ден. 29.12 Скопје – Виена (сабота)

Состанок на групата во 13:30 часот и поаѓање за Виена во 14:00 часот. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.

 

2 Ден. 30.12 Виена (недела)

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Разглед на градот со локален туристички водич : Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, дворецот Белведере, катедралата Св.Стефан и Стефанплац.  По разгледот, сместување во хотел. Слободно време за oдмор.  Состанок на групата и организиран трансфер до центарот на градот и прошетка низ плоштадите кадешто владее предновогодишна еуфорија. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 Ден. 31.12 Виена (понеделник)

Појадок.  По појадокот, можност  за организирана факултативна посета на внатрешноста на дворецот Шенбрун и негов разглед со локален водич со вклучена влезница . Слободно време за посета паркот на дворецот . По разгледот, посета на Дунавската кула која е висока 150 метри и овозможува прекрасен панорамски поглед на Будимпешта. Враќање во хотел во попладневните часови, или можност за слободен ден со индивидуални активности. Слободно време за одмор. Вечерта организиран трансфер до центарот на градот. Дочек на Новата година на плоштадот  пред градската куќа – Радхаус. Во договореното време собирање на групата и враќање во хотел. Ноќевање.

4 Ден. 01.01 Виена-Братислава-Скопје (вторник)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Братислава. Пристигнување во Братислава и разглед на градот со локален туристички водич:  средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт .  Во пладневните часови заминување за Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 Ден. 02.01 Скопје (среда)

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ПРОМО ЦЕНА : 8.000,00 денари

До 20.11.2018

РЕГУЛАРНА ЦЕНА: 8.590,00 денари

 Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со висоско туристички автобус на наведената релација ;
  • Сместување во хотел Oekotel Traiskirchen (https://www.oekotel.com/#traiskirchen);
  • Разглед на Виена со локален водич;
  • Разглед на Братислава со локален водич;
  • Организирани трансфери од хотел до центарот на Виена и назад;
  • Придружник – пратител на групата за време на патувањето ;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативна посета на внатрешноста на Дворецот Шенбурн со вклучена влезница и негов разглед со локален водич + посета на Дунавската кула со вклучена влезница 35 евра;
    Патничко и здравстевно осигурување без франшиза за времетраење на патувањето 300денари.