Astronomski sat Orloj - Prag

Фасцинантна механичка направа, која во средниот век се сметала за едно од најголемите светски чуда, стар преку 600 години е едно од најголемите блага во градот Прага. Астрономскиот часовник - ОРЛОЈ е најстариот часовник од ваков вид кој сеуште работи.

Кога ќе го поминете Карлов мост, влегувате во Старо место каде што се наоѓа стариот плоштад, најважното место за собирање на туристите. На плоштадот доминира астономскиот часовник, познат под името ПРАШКИ ОРЛОЈ, кој што се наоѓа на катедралата Лунг. Конструиран е во 1410та година и го покажува излегувањето на Сонцето и Месечината, деновите, годините, месеците и некои главни планети. Ова е една од главните атракции во градот Прага. На плоштадот често се собираат туристи, за да го видат излегувањето на 12те апостоли.

Астрономскиот часовник се состои од три дела - процесија на апостолите на врвот кој што исто така го покажува и времето. Главната атракција е делот со апостолите кои се појавуваат на секој час. Костурот, кој што го мери времето- претставува смрт, прозорците над него се отвараат и се покажува Исус и дванаесетте  апостоли. Кога ќе се затвори прозорецот, тогаш петелот кој што се наоѓа на прозорецот почнува да мрда со крилјата и кукурика со што го означува полниот час. Останатите фигури на сцената се: Турчин кој што мрда со главата, скржавец што ја гледа заљубено својата врекичка со злато и еден суетен човек кој што цело време се гледа во огледало.

Легенда за часовникот:

Една приказна вели дека градските власти кога виделе какво ремек дело направил мајстор Хануш, одлучиле да го ослепат за да не може никош веќе да го конструира истиот часовник. Другата приказна кажува, дека на градот ќе му се случи голема несреќа ако часовникот престане да работи. Затоа внимателно го чуваат и одржуваат во добра состојба.

 

 

 

  Image result for Астрономски сат орлој