• 1 Ден. 29.12 Скопје – Будимпешта (сабота)

    Состанок на групата во 16:30 часот и поаѓање за Будимпешта во 17:00 часот. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.

    2 Ден. 30.12 Будимпешта (недела)

    Пристигнување во Будимпешта во  претпладневните часови. Разгледyвање на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина, улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Сместување во хотел Canada*** http://www.canadahotelbudapest.hu/. Слободно време за одмор. Вечерта можност за факултативно крстарење по реката Дунав. Ноќевање.

    3 Ден. 31.12 Будимпешта-Пандорф-Братислава-Будимпешта (понеделник)

                      Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Братислава со посета на шопинг центарот Пандорф. Пристигнување во Пандорф. Слободно време за шопинг. Заминување за Братислава. Пристигнување во Братислава и разглед на градот со локален туристички водич:  средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Во попладневните часови заминување за Будимпешта. Пристигнување во хотел. Слободно време за одмор. Дочек на Новата Година на познатата Ваци улица. Враќање во хотел. Ноќевање.

    4    Ден. 01.01 Будимпешта-Ст.Андреа-Вишеград-Естергом (вторник)

                      Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Ст. Андреа, Вишеград и Естергом- некогашните центри на кралска Унгарија со вклучени влезници и превоз. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот  и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек.  Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Можност за факултативна посета на  национален ресторан Чарда – реприза на Новогодишната ноќ, со унгарски специјалитети и фолклор. Враќање во хотел. Ноќевање.

      Ден.02.01 Будимпешта-Скопје (среда)

    Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на шопинг ценарот Arena Plaza. Слободно време за шопинг. Поаѓање за Скопје во пладневните часови.

     Ден.03.01 Скопје (четврток)

                        Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

    ПРОМО ЦЕНА : 9.000,00 денари

    До 20.11.2018

     РЕДОВНА ЦЕНА: 9.900,00 денари

    Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

    • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација ;
    • Три ноќевања со појадок во Будимпешта Canada***  http://www.canadahotelbudapest.hu/);
    • Разглед на Будимпешта со локален водич;
    • Придружник – пратител на групата за време на патувањето ;
    • Организација и реализација на аранжманот.

    Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

    • Факултативно крстарење по Дунав 15евра ;
    • Факултативна посета на шопинг центарот Пандорф и Братислава 25 евра ;
    • Факултативен целодневен излет со превоз и вклучени влезници на Ст.Андреа, Вишеград и Естергом 20 евра ;
    • Реприза на Новогодишната ноќ – вечера во Чарда – национален Унгарски ресторан 30 евра ;
    • Патничко и здравстевно осигурување без франшиза за времетраење на патувањето 360денари .