Почувствувајте ја новогодишната магија во прекрасната ИТАЛИЈА и дочекајте ја новата 2019-та година во центарот на модата МИЛАНО!

ПРОГРАМА:

29.12.2018 – сабота СКОПЈЕ-МИЛАНО
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) во 11:30,
поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

30.12.2018 – недела МИЛАНО
Во утринските часови посета на шопинг ценатрот “Franciacorta Shopping Mall”. Време предвидено за одмор и можност да ги искористите големите сезонски попусти до 70%. Пристигнување во Милано во попладневните часови. Разглед на Милано со лиценциран локален водич: Sforcesco Cstle,,Pizza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала
во светот- ДУОМО-катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи.
Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci,Prada,Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.

По разгледот сместување во хотел. Во вечерните часови ноќна прошетка во Милано.
Ноќевање.

31.12.2018 – понеделник МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано-градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија.
Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа.
Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Враќање во хотелот во попладневните часови.

Дочек на НОВАТА 2019 ГОДИНА на најубавиот плоштад Piazza del Duomo.
Ноќевање.

01.01.2019 – вторник МИЛАНО-ВЕРОНА-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот на љубовта Верона. Прошетка низ Стариот Град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 02.01.2019.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 евра, со уплата до 24.12 ПРОМО цена само 149 евра

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

·         2 ноќевања во хотел 3* B&B Hotel MILANO Monza со појадок во Монца – градот на Формула 1 (15 километри од Милано) ЛИНК ОД ХОТЕЛ ТУКА

·         Автобуски превоз на релација Скопје- Италија – Скопје

·         Разглед на Верона

·         Посета на “Franciacorta Shopping Mall”

·         Организиран трансфер со автобус до Милано за дочекот на Нова година на плоштад

·         Туристички придружник

·         Организација и релизација на аранжманот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

·         Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 2.5 евра по лице од ден

·         Разглед на Милано со професионален водич – 20евра

·         Посета на Лугано – Комо – 20 евра

·         Крстарење по езерото Комо – 20 евра

·         Патничко осигурување 300 денари по лице

СПЕЦИЈАЛЕН НОВОГОДИШЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи (Разглед Милано, Посета на Лугано-Комо и крстарење) – 50 евра по лице (со резервација во агенција)