Погледнете ја нашата програма и понуда за зимската сезона 2019-та година во Банско, местото кое со својата близина ни го доловува шмекот на светските скијачки монденски места.

ЗА ХОТЕЛОТ:

Хотелот Орбилукс 3* е еден од најмодерните во Банско и е место каде можете да се насладувате на убавината на зимската идила и природа. Неговата местоположба е идеална, на само 480 метри од ски лифтот, а сето тоа надополнето со спојот на традиционалното и модерното, ќе го направи вашиот престој незаборавен.

СОДРЖИНА: За удобноста на гостите хотелот има централно греење, рецепција, собна услуга, интернет, лоби бар, ресторан, летна градина, скара, покриен базен, современо опремен спа центар (сауна, парна бања) со топла врска, фитнес центар, сали за масажа, ски гардероба, минибус кој бесплатно ве носи и враќа од ски центарот, лифт, 24 часовна лекарска услуга.

Ресторанот Орбилукс нуди пријатна атмосфера со вкусна храна, како класична, така и традиционална, подготвена од мајсторските раце на готвачите.

Од апартманите се открива неверојатна глетка кон пистите на Банско и Пирин планина. Хотелот нуди можност за изнајмување на ски опрема и купување на ски карта директно на рецепцијата.

ОРБИЛУКС 3* – На база полупансион HB
ТЕРМИНИ: Рана резервација ПРОМО Редовна цена Слободни места
04.01-07.01 109евра 105евра 135евра  
10.01-13.01 99евра 105евра 115евра  
17.01-20.01 99евра 105евра 115евра  
24.01-27.01 99евра 105евра 115евра  
31.01-03.02 99евра 105евра 115евра  
07.02-10.02 99евра 105евра 115евра  
14.02-17.02 95евра 99евра 109евра  
21.02-24.02 89евра 95евра 105евра  

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • три ноќевања во хотел ОРБИЛУКС 3*(http://www.orbilux.bg/) на база полупансион (појадок и вечера)
  • автобуски превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Банско-Скопје
  • неограничено користење на базенот и спа центарот во хотелот (сауна и парна бања), како и теретана
  • комплетна организација и придружник за време на патувањето и престојот во Банско

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • задолжителна доплата за туристичка такса, едно евро од ден
  • задолжително патничко осигурување
  • факултативна посета на бачило

НАПОМЕНИ:

  • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа и спие во кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 11,99 години на дополнителен кревет плаќа 50% од сумата
  • Дете со еден возрасен на класичен кревет ја плаќа целосната сума на аранжманот
  • Доколку користите сопствен превоз, се одбиваат 10 евра од сумата на аранжманот

МОЖНОСТ ЗА БИРАЊЕ НА ТЕРМИН И БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПЕРИОД. ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН И СОПСТВЕН ПРЕВОЗ. ОПЦИЈА ЗА ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ДАТУМОТ (со доплата).

ОРБИЛУКС 3* – На база полупансион HB