Резултат со слика за будимпешта

 

1 ден (06.12.2018 -четврток) - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок со групата на Дрводекор  во 18.00 часот, тргнување  во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2 ден (07.12.2018- петок) – БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта Крстарење со брод на Дунав со вклучен пијалок шампањ или безалкохолен пијалок. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.


3 ден (08.12.2018 – сабота)-  БУДИМПЕШТА –ВИЕНА
Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена -булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург и слободно време за индивидуални прошетки.лот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.


4 ден (09.12.2018 – недела) - БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  -  4999 ден.

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
*Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
*Сместување во хотел  3*** во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,
*Разглед на Будимпешта со локален водич

*Придружник од агенцијата за време на патувањето,
*Организација и реализација на аранжманот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:


*Крстарење со брод по Дунав – 15 €
*Посета на Виена -25
*Посета на Сент Андреа -10

*Патничко осигурување-300 денари