АТИНА

8 МАРТ

Програма

1
ПРВ ДЕН - 05.03.2026 (четврток) СКОПЈЕ - АТИНА
    Состанок на групата во 19:30 часот од Дрводекор. Поаѓање за Атина во 20:00 часот. Патот води преку Велес, Прилеп и Битола. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
ВТОР ДЕН - 06.03.2026 (петок) АТИНА
    Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Следува панорамско разгледување на градот: плоштадот Омониа, плоштадот Синтагма со Парламентот и свечената стража на Евзоните, Олимпискиот стадион, храмот на богот Зевс, Хадријановата порта, споменикот на Бајрон, Националната библиотека и Универзитетот. Потоа, посета на прочуениот Акропол – зданието посветено на божицата Атина. Потоа слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договореното време – сместување во хотел. Ноќевање.
3
ТРЕТ ДЕН - 07.03.2026 (сабота) АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ
    Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич. Посета на Коринтскиот канал, Епидавр – родното место на богот Асклепии со најубавиот антички театар, Нафплио – првата столица на новата Грчка држава и Микена – градот на цар Агамемнон. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4
ПОСЛЕДЕН ДЕН - 08.03.2026 (недела) АТИНА - СУНИОН - СКОПЈЕ
    По појадокот – одјавување од хотел и факултативен излет кон Пиреја и Сунион, најјужниот ’рт на Медитеранот, каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Слободно време за разглед и индивидуални активности. По завршување на екскурзијата, тргнување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 09.03.2026

                                                    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 € 

                                                   Промо цена  ДО 06.02.2026 – 149€

 

Во цената е вклучено:

- Автобуски превоз

- Сместување во хотел 3*, на база 2 ноќевања со појадок

- Панорамски разглед на Атина со водич

- Туристички придружник за време на целото патување

- Организиран превоз од Скопје, Велес, Прилеп, Битола

 

Во цената не е вклучено: 

Факултативни излети: (се плаќаат во агенција)

– Факултативна посета на Пелопонез (Нафплио, Епидариус и Микена) – 45 € (влезниците не се вклучени: Епидариус 12€, Микена 12€)

– Посета на Пиреја и Сунион – 30 €

– Влезница за Акропол со локален водич – 40 €

– Туристичка такса – 5 € по лице се плаќа во автобус

– Пакет факултативи (Пелопонез + Пиреја + Сунион + Акропол) – 90 €

– Индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНИ:

-За single соба се доплаќа дополнителни 70 евра

-Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

-За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето

-Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел