ИТАЛИЈАНСКА РИВИЕРА ЛЕТО 2026

АВИО

Програма

1
Прв ден:
    Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 16:30 часот, пристигнување во Неапол во 18:10 часот. Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедралата, Royal Palace of Naples, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуен театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање.
2
Втор ден:
    Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио.

    Поаѓање од пристаништето во Соренто, со фери брод до Капри. Слободно време во Капри за индивидуални активности и прошетка низ островот. Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.
3
Трет ден:
    Појадок. Опционално:

    Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаик, и пристаништето.
    Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музејот на хартијата, Chiostro

    del Paradiso – историскиот клостер, и други знаменитости.
    Се продолжува со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castello Arechi – средовековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva – ботаничките градини и шеталиштето Сместување и Ноќевање во хотел.
4
Четврти ден
    Појадок во хотел. Слободен за плажа. Ноќевање во хотел.
5
Петти ден
    Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.
6
Шести ден
    Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.
7
Седми ден
    Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.
8
Осми ден
    Појадок. Појадок во хотел. Попладне, трансфер до аеродромот во Неапол. Лет Неапол - Скопјe. Поаѓање од Неапол во 18.45 часот. Пристигнување во Скопјe во 20.15 часот

ПОАЃАЊА И ЦЕНИ:

- 19.06-26.06.2026 - 819 евра по лице
- 03.07-10.07.2026 - 829 евра
по лице
- 31.08-07.08.2026 - 839 евра
по лице
- 14.08-21.08.2026 - 839 евра
по лице
- 28.08-04.09.2026 - 839 евра
 по лице

Во цената е вклучено:

  • Авионска карта на релација Скопје - Неапол - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
  • 7 ноќевања со појадок: - 1 ноќевање во Неапол, 2 ноќевања во Соренто, 4 ноќи во Салерно - Grand Hotel Salerno 4* или сличен
  • Фери брод Соренто - Капри.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите)

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Факултативни излети
  • Лифтови, жичари кои се наоѓаат низ градовите за полесно движење
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
  • Туристичка такса во Салерно 5 евра по лице по ноќевање се плаќа дирекно во хотел.

Факултативни излети:

Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно.

Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра. ** Плаќање при пристигнување во дестинацијата

 

За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот).

Напомени:

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување..
  • Амалфиската ривиера е регион кој е со тесни улици, карпест предел , скалести градови. Една од најпопуларните туристички дестинации во Европа. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или  други настанати околности.

Општи услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел