ШТУТГАРТ И СТРАЗБУР

АВИО

Програма

1
1 ден
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 ч. Лет за Базел. Поаѓање од Скапје во 06.45 часот. Пристигнување во Базел во 09:10часот. Поаѓање за Баден Баден. Патувањето трае околу 2 часа. Посета на Баден-Баден, сместен на брегот на реката Ос, познат по своите римски термални бањи. Посети: Rathaus – Градско собрание, споменикот на Otto von Bismarck, Festspielhaus – најголемата оперска куќа во Германија, Stiftskirche – црква, и Fabergé Museum – музеј со околу 700 уметнички дела.Патувањето трае околу 2 часа. Кратки паузи за време на патувањето. Сместување и ноќевање во хотел. Ноќевање.
2
2 ден
    Појадок. Организирана посета на Штутгарт, каде што ги посетуваме: Altes Schloss – замокот Алтес Шлосе и седиштето на династијата Виртемберг, Schlossplatz – централниот плоштад со замокот Neues Schloss, Rathaus – градското собрание, Fernsehturm – телевизиската кула со висина од 216 м, Mercedes-Benz Museum и Wilhelma Zoo & Botanical Garden – зоолошка и ботаничка градина. Попладне, заминување за Карлсруе. Патувањето трае околу 1 час и 20 минути. Разглед на градот: Karlsruhe Palace – поранешна резиденција на војводите од Баден, Marktplatz – плоштад со старата пирамида, Rathaus – градското собрание со фонтаната и статуата на војводата Лудвиг, St. Stephan’s Church – католичка црква, и Place des Droits de l’Homme – Плоштадот на основните права. Вечерта, заминување за Стразбур. Патувањето трае 2 часа. Сместување и ноќевање во хотелот.
3
3 ден
    Појадок. Организирана посета на Стразбур, град на УНЕСКО, на бреговите на реката Рајна. Разглед на: Ponts Couverts – покриените мостови, Cathédrale Notre-Dame – катедралата Нотр Дам, имитација на катедралата Нотр Дам де Парис, Maison Kammerzell – трговска куќа од 15 век, Place Gutenberg – плоштадот Гутенберг, La Petite France – занаетчискиот кварт Мала Франција, најголемата џамија во Франција отворена во 2012 година, и European Court & Parliament – седиштето на Европскиот суд и Парламентот. Поаѓање кон Колмар (околу 1 час). Разглед на: Quartier de la Krutenau – познат како Мала Венеција покрај каналот Lauch, центарот на градот, Rathaus – градското собрание, Église Saint-Martin – црквата Свети Мартин, Старата воена стражарска куќа, куќата на Адолф од 1350 година и Maison des Têtes. Потоа поаѓање кон Милуз (околу 30 минути), со разглед на: Rathaus – градското собрание, Place de la Réunion – Плоштадот на берзата и Cité du Train – Музејот на возовите. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден
    Појадок. Трансфер до аеродромот во Базел. Лет Базел - Скопje. Поаѓање во 09:45 часот. Пристигнување во 11:55 часот.

ТЕРМИН:01.10-04.10.2026 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 ЕВРА 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионска карта на релација Скопје – Базел со Wizz Air Аеродромски такси
  • Рачен бесплатен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
  • Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Влезница за во објектите и културно-историски споменици
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомени:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел