АМСТЕРДАМ И БРИСЕЛ

АВИО

Програма

1
1 ден
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:35 ч. Полетување за Брисел во 05:35 ч., Слетување во 08:25 ч.

    Организиран трансфер со автобус и разглед на градот: Атомиум - иконскиот споменик на Брисел, изграден за Светската изложба во 1958 г.; Royal Greenhouses of Laeken, Cinquantenaire Park, возење низ европскиот кварт со краток стоп кај Триумфалната порта и паркот, Европскиот парламент, Европската комисија, Кралската палата и плоштад Ројал.

    Потоа следува Mont des Arts, панорамска градина и разглед на Стариот град: Grand Place, Градското собрание и куќите на еснафите, посета на скулптурата Manneken Pis, како и Galeries Royales Saint-Hubert - покриена луксузна трговска галерија, вистинска атракција за љубителите на архитектурата.

    Факултативно: влез во Атомиум. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2
2 ден
    Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Бриж. Целодневно разгледување: паркот и езерото Миневатер, кратка прошетка низ Begijnhof (Beguinage), градските бедеми и средновековните порти Kruispoort и Gentpoort, посета на старата ветерница, потоа Grote Markt со кулата Belfry of Bruges, како и Burg Square со Општинската палата и базиликата на Светата крв.

    Факултативно: искачување на кулата Belfry или возење со бродче низ каналите. Сместување во хотел во близина на холандско-германската граница. Ноќевање.
3
3 ден
    Појадок. Организирано поаѓање кон Амстердам и панорамски разглед: Dam Square, Кралската палата, Nieuwe Kerk и Националниот споменик.

    Потоа минување покрај мостот Magere Brug (Skinny Bridge) и реката Амстел. Разгледот продолжува со посета однадвор на Rijksmuseum, Van Gogh Museum и Concertgebouw.

    Пешачка тура низ населбата Jordaan, позната по шармантните канали, традиционалната архитектура, бутиците и локалните кафетерии. Факултативно: прошетка со бродче низ каналите или искачување на панорамскиот видиковец A’DAM Lookout.

    Сместување во хотел. Ноќевање.
4
4 ден
    Појадок. Поаѓање кон Хаг и панорамски разглед: Peace Palace, Binnenhof (Парламентот) и Noordeinde Palace (Кралската палата).

    Потоа продолжување кон Ротердам, со можност да се видат мостот Еразмо, Markthal и познатите куќи-коцки. Трансфер до Ајндховен. Полетување во 15:50 ч., слетување во Скопје во 18:25 ч.

ТЕРМИН: 28.11-01.12.2025
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 449 ЕВРА 

Во цената се вклучени следниве услуги:
•Авионска карта на релација Скопје – Брисел – Ајндховен - Скопје со Wizz Air
•Аеродромски такси
•Бесплатен багаж 40x30x20 cm
•3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
•Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
•Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
•Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
•Туристичка такса

Во цената не се вклучени следниве услуги:
•Сѐ што не е наведено во програмата
•Влезница за во објектите и културно-историски споменици
•Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот 

 

Општи услови:
•Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
•За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
•Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
•За резервација задолжителна уплата од 100%
•Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
•Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
•Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
•Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
•Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
•За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел