МАЛТА

АВИО

Програма

1
1 ден
    Состанок на групата на аеродром во Скопје во 18.50 ч. Полетување за Малта во 20.50 ч .слетување во 22.35 ч. Организиран трансфер со автобус. Сместување во хотел. Ноќевање.
2
2 ден
    Појадок. Организиран панорамски разглед на Валета со автобус.

    Разгледот вклучува: градините Barracca, плоштадот на Републиката, Сан Елмо тврдината и катедралата Св. Јован. Факултативно влез во тврдината Сан Елмо и катедралата Св. Јован.

    Разгледот продолжува со поаѓање кон Биргу - Виториоза, каде што ќе има кратка пауза за посета на: Angelo Castle, Palazzo Inquisitor, црквата Св. Лоренс, Maritime Museum, средновековните улици и пристаништето на Биргу.

    Потоа, следи посета на: Senglea, Gardiola Gardens, Victories Church и Cospicua. Факултативно се доплаќаат влезниците, за оние кои сакаат да влезат во објектите. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
3
3 ден
    Појадок. Поаѓање за Рабат и Мдина. Посета на следните знаменитости: Mdina gate, средновековните улици, катедралата Св. Павле, Bastions и Palazzo Falson.

    Доплатата за влезници за објектите е по желба на посетителите. Може да се посетат катакомбите на Св. Павле во Рабат, музејот и катедралата Св. Павле во Мдина, Palazzo Falson во Мдина. Попладнето, посета на Моста, вклучувајќи ја и црквата Mosta Dome Church.

    Разгледот продолжува со посета на Blue Grotto. По желба и ако има доволно време, може да се посети пештерата со брод. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден
    Појадок. Поаѓање за Слиема и прошетка по шеталиштето. Разгледот продолжува со посета на St.Julian’s. Посета на: Paceville, Spinola Bay, Portomasa Marina, Spinola Palace, Balluta Bay и Balluta Church.

    Попладнето слободно време за шопинг. Организиран превоз до аеродромот, полетување од Малта во 23.15 ч, слетување во Скопје во 00.55 ч.

ТЕРМИН: 21.11-24.11.2025
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 389 ЕВРА

Во цената е вклучено:

  • Авионска карта на релација Скопје-Малта-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* - Хотел Luna Holiday Complex или сличен
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
  • Организација на патувањето и претставник на агенцијата за целиот престој
  • Туристичка такса

Во цената не е вклучено:

  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Влезниците за во објектите
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомена: 

  • Ова е економско патување, хотелот можеби нема да биде во центарот на градот
  • Поради гужвите во сообраќајот можно е автобусот да не застане на местата каде што е предвиден стоп, поради рестриктивната часовна дозвола на возачите од автобусите

 

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден) ;
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
  • Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел