ПАРИЗ
АВИО
Распослан на бреговите на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како „Град на светлината“, претставува политички, економски и културен центар на Француската држава.
Тој е еден од најзначајните светски градови во кој се наоѓаат седишта на бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениума, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања, како и собиралиште на најпознатите светски уметници.
Големиот број знаменитости и туристички атракции, како што се дворецот Версај и Фонтенбло, катедралата Нотр Дам, црквата „Сакре Кер“, музеите Лувр, Орсеј и многу други, ќе го направат Вашиот престој во овој град-музеј навистина незаборавен.
Програма
1 ден
- Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:30 ч. Полетување за Париз во 12:30 ч., слетување во 15:30 ч.
Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Триумфалната Порта, плоштадот Конкорд, Шанзелизе, Парламентот, Инвалидите и гробот на Наполеон, паркот Tuileries.
Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден
- Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон новиот дел на Париз – La Défense. Слободно време за прошетки, разгледи и шопинг или (факултативно) екскурзија до Версај.
Од новиот дел се продолжува кон Ајфеловата кула. Краток одмор за фотографирање на Трокадеро. Слободно време за посета на Ајфеловата кула.
Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
3 ден
- Појадок. Организирано поаѓање кон Латинскиот кварт: посета на Пантеон (однадвор), Луксембуршките градини и Богородичната црква (однадвор). Потоа следи посета на Бастиља и Опера Гарние.
Разгледот продолжува кон Монмартр, со посета на црквата „Свето Срце“и плоштадот на уметниците.
Разгледот завршува со кратка посета (однадвор) на Мулен Руж и слободно време за фотографирање. Факултативно организирана посета на Лувр, а навечер и крстарење со брод по Сена.
Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
- Појадок. Поаѓање кон Големите булевари „Хосман”. Слободно време за шопинг и прошетки во околината на галеријата „Лафајет“ и музејот за парфеми „Фрагонар“. Поаѓање од Париз во 12:00 ч. Полетување во 16:10 ч. од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч.
ТЕРМИН: 24.12-27.12.2025
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 439 ЕВРА
Во цената е вклучено:
- Авионска карта на релација Скопје-Париз-Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* - Хотел Ibis Orly Chevilly Tram 7
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
- Организација на патувањето и претставник на Агенцијата за целиот престој во Париз
- Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
- Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 17€ карнет за 10 возења)
- Влезница за Ајфелова Кула, влезница до 2-риот кат 28€
- Влезница за Лувр 25€ , за деца над 10 години 15 €
- Влезница за брод по Сена на лице место се плаќа околу 25 €
- Патувањето до Версај чини 15 € ( за деца над 10 години 7 €)
- Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца над 10 години 20 €)
Напомена:
- Сите резервации на екскурзиите се закажуваат пред поаѓање.
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден) ;
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
- Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел