TERRA HOTEL BANSKO 4*
БАНСКО
Хотел Terra е сместен под падините на планината Пирин, со поглед кон величествениот голф терен и е идеално место за опуштен одмор.
Хотелот е отворен во текот на целата година и нуди уникатни можности за релаксација, врвна гостопримливост, како и одлични услови за скијање во зима, голф од пролет до есен, а спа и релакс содржини во текот на целата година.
Современите и пространи соби и апартмани нудат топлина и удобност кои се очекуваат од хотел со четири ѕвезди, што го прави совршен избор и за приватни патувања и одмори, но и за деловни патувања, конференции, тим билдинзи, свадби и забави. Погледот кон планината Пирин и голф теренот од апартманите е навистина величествен.
Капацитетот на хотелот е внимателно усогласен со сите негови содржини – ресторан, спа центар со базени и лоби бар. Секој гостин е важен за нас, а нашиот љубезен персонал посветува внимание на секој детал за да обезбеди лично и пријатно искуство.