МАЛТА

АВИО

Програма

1
1 ден
    Состанок на групата на аеродром во Скопје 2 часа пред време за лет. Полетување за Малта во 20:50ч., слетување во 22:35 ч. Организиран трансфер со автобус. Сместување во хотел. Ноќевање.
2
2 ден
    Појадок. Организиран разглед на Валета. Разгледот опфаќа Upper Barrakka Gardens – градини со панорамски поглед на пристаништето, Republic Square – главниот плоштад на градот, Fort St. Elmo – историска тврдина од 16. век, и St. John’s Co-Cathedral – барокна катедрала со богата уметничка декорација. Факултативно: влез во Fort St. Elmo и St. John’s Co-Cathedral. Слободно време за индивидуален разглед и ручек.Потоа поаѓање кон Birgu (Vittoriosa), со кратка пауза за разглед на Fort St. Angelo – средновековна тврдина на пристаништето, Inquisitor’s Palace – историски дворец на инквизиторот, St. Lawrence Church – значајна црква со богат ентериер, Malta Maritime Museum – музеј за морската историја, како и прошетка низ средновековните улици и пристаништето на градот. Влезниците за објектите се со доплата, по желба на посетителите. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
3
3 ден
    Појадок. Поаѓање за Рабат и Мдина. Разглед на значајни знаменитости: Mdina Gate – главната порта на средновековниот град, средновековните улици на Мдина, St. Paul’s Cathedral – катедралата на Св. Павле, главната катедрала на градот, Bastions – тврдини со панорамски поглед, и Palazzo Falson – историски дворец. Доплатата за влезници во објектите е по желба на посетителите. Може да се посети: Catacombs of St Paul (катакомбите на Св. Павле) во Рабат, St. Paul’s Cathedral and Museum (катедралата и музејот на Св. Павле) во Мдина, и Palazzo Falson во Мдина.Во попладневните часови, посета на Моста, вклучувајќи ја Rotunda of Mosta (Church of the Assumption of Mary) – црква позната по својата купола. Разгледот продолжува со посета на Blue Grotto – природна морска пештера со тиркизна вода. По желба и доколку има доволно време, можност за пловидба со брод низ пештерата. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден
    Појадок. Поаѓање за Марсашлок и Слиема, со прошетка по шеталиштето и разглед на живописното рибарско место со многу бротчиња. Разгледот продолжува со посета на St. Julian’s, каде што се вклучуваат: Paceville – познато туристичко и забавно соседство, Spinola Bay – живописна заливска област, Portomaso Marina – модерно пристаниште со ресторани и кафулиња, Spinola Palace – историски дворец, Balluta Bay – залив со шеталиште и плажа, и Balluta Church – црква во непосредна близина на заливот. Попладнето слободно време за шопинг. Организиран превоз до аеродромот, полетување од Малта во 23:10 ч, слетување во Скопје во 00:50 ч.

ТЕРМИН: 18.09-21.09.2026
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 399 ЕВРА

 

Во цената е вклучено:

  • Авионска карта на релација Скопје – Малта - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40 x 30 x 20
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
  • Туристичка такса

Во цената не е вклучено:

  • Сѐ што не е наведено во програмата
  • Влезниците за во објектите
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомени:

  • . Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.

ОПШТИ УСЛОВИ: 

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел