ПАРИЗ И ДИЗНИЛЕНД
АВИО
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
Програма
1 ДЕН
- Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 12:10 часот. Слетување во 15:10 часот. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Galeries Lafayette – познатата париска трговска галерија, Opéra Garnier – историската париска опера, Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини и Quartier Latin – Латинскиот кварт. Сместување во хотел Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ДЕН
- Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Се посетуваат: Avenue des Champs-Élysées – Елисејските Полиња, Tour Eiffel – Ајфеловата кула, Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – плоштадот Конкорд и Les Invalides – Домот на инвалидите. Слободно време за факултативни посети на Musée du Louvre – музејот Лувр, Tour Eiffel – Ајфеловата кула или прошетка со брод по реката Сена. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање во хотел.
3 ДЕН
- Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.
4 ДЕН
- Појадок. Појадок. Слободно време за шопинг. Поаѓање од Париз во 12 Полетување во 15:45ч од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч.
ТЕРМИН: 16.05-19.05.2026
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 599 ЕВРА
Во цената е вклучено:
- Авио билет на релација Скопје – Париз - Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организиран панорамски разглед на градот со автобус
- Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
- Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
- Влезница за Лувр 38 € само влезница (за деца до 10 години е 18 €)
- Влезница за брод по Сена 18€ (за деца до 10 години е 10 €)
Напомени:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел




Translate