КРФ
ВЕЛИГДЕН
Островот Крф е еден од најубавите и најзелените острови во Грција, познат по својата богата историја, венецијанска архитектура и прекрасна природа. Главниот град Керкира, кој е под заштита на UNESCO, плени со тесните калдрмести улици, плоштади и историски градби.
Крф е особено познат по уникатната прослава на Велигден, кога островот се исполнува со свечена атмосфера, музика и познатиот обичај на фрлање керамички садови од балконите, што создава незаборавно доживување. Ова го прави островот една од најпосакуваните дестинации за велигденски празници.
Програма
Ден 1 – 09.04.2026 (четврток)
- Состанок на групата во 19:30 часот и поаѓање во 20:00 часот од Дрводекор. Патуваме преку граничниот премин Меџитлија, со попатни застанувања доколку има пријавени патници од Велес, Црна Река, Прилеп и Битола. Следува ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување на пристаништето во Игуменица, од каде патувањето го продолжуваме со траект до островот Крф.
Ден 2 – 10.04.2026 (петок)
- Пристигнување на островот Крф. Патувањето го продолжуваме кон туристичкото место Ипсос, каде што следува сместување во апартмани/хотел. Слободно време за одмор по патувањето и запознавање со околината.
Во договорено време, можност за факултативна посета на главниот град Керкира, еден од најубавите градови на Јонските острови, познат по својата венецијанска архитектура, тесни калдрмести улички и живописни плоштади. Прошетка низ стариот дел на градот, покрај познатата улица Листон и плоштадот Спианада.
Велики Петок на островот Крф е посветен на сеќавањето на страдањата Христови и се одбележува со посебна духовна и свечена атмосфера. Низ улиците на Керкира се одржуваат традиционални богослужби и поворки, придружени од бројните филхармониски оркестри по кои островот е познат. Музичарите, облечени во свечени униформи, изведуваат тажни композиции од познати класични автори, меѓу кои и делата на Томазо Албинони и Фредерик Шопен, што му дава на настанот особено емотивна атмосфера.
Во обичаите учествуваат и многу жители на островот, деца ги украсуваат епитафите со свежо цвеќе, а во свеченоста се приклучуваат и ученици, извидници и бројни посетители од целиот свет. Последниот и воедно највпечатлив Епитаф излегува во 22:00 часот.
По посетата, враќање назад во Ипсос. Ноќевање.
Ден 3 – 11.04.2026 (сабота)
- Првата поворка за празникот започнува веќе во 09:00 часот наутро, кога со посебна почит се изнесуваат моштите на Св. Спиридон Чудотворец, заштитникот на островот. Под тоновите на свечена музика изведена од три филхармониски оркестри, присутните фрлаат каранфили, создавајќи шарена патека пред моштите.
По завршувањето на оваа поворка следи подготовка за еден од најпознатите локални обичаи – кршење на глинените ќупови. Во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат почетокот на „утринското воскресение“, а од прозорците на домовите се фрлаат глинени садови полни со вода, симболизирајќи очистување, прогонување на лошото и добредојде на новото. Овој обичај потекнува од венецијанската традиција и се смета дека дел од скршените садови треба да се сочува за среќа и здравје во текот на следната година. По ова, филхармониските оркестри се враќаат на улиците и ја полнат атмосферата со весела музика.
Во договорено време, се враќаме во Ипсос. Слободно време за одмор и индивидуални активности.
Во вечерните часови, групата се упатува повторно кон Керкира за да присуствува на финалниот дел од традиционалната прослава – Христовото Воскресение.
На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади за да го прослават Воскресението со спектакуларен огномет, што ја претвора атмосферата во незаборавен спектакл, привлекувајќи туристи и жители од целиот остров.
Враќање назад во Испос. Ноќевање.
Ден 4 – 12.04.2026 (недела)
- Денот започнува со факултативна посета на едно од најживописните места на островот – Палеокастрица, познато како вистински природен рај.
По пат кон Палеокастрица, ќе имаме попатна пауза во музеј-фабриката Мавроматис, каде ќе се запознаете со егзотичното овошје кумкват и неговото преработување во ликери, слатки и сувенири. Во текот на посетата се прикажува краток документарен филм за потеклото и историјата на кумкватот, а потоа следи дегустација на производите – можност да пробате и да изберете сувенир кој ќе ве потсетува на овој доживувањето.
Потоа продолжуваме кон Палеокастрица. Нејзините заливи и плажи со години го носат епитетот „најубави“ во Европа, благодарение на тиркизното море и драматичните карпести предели кои му даваат посебна свежина и чистота на водата. Ќе имаме време да уживаме во природните убавини, да прошетаме по патеките и да направиме панорамски фотографии.
На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа манастирот од 13-ти век, Манастир Света Богородица, кој плени со својата архитектура и неверојатен поглед кон заливите.
Можност за посета на Corfu Aquarium – интересен музеј аквариум каде што ќе може да се запознаете со богатството на животинскиот свет како на копното, така и под површината на Јонското Море.
Во првата зона на аквариумот се изложени морски суштества од околината на Крф и Медитеранот – од разнобојни риби како лаврак, сибас, групер, ракчиња и морски ѕвезди, па до поинтересни видови како октопод и други видови кои живеат во Јонското Море.
Следната зона ги претставува рептилите од различни делови на светот, вклучувајќи ливчи, гуани и големи тигасти змии.
Во третата зона може да се видат различни амфибии како желки, саламандри и други видови кои ја доловуваат разноликоста на животните што живеат и во вода и на копно.
Во договорено време, враќање назад во Ипсос. Ноќевање.
Ден 5 – 13.04.2026 (понеделник)
- Во договорено време, во утринските часови, се одјавуваме од апартманите и се упатуваме на факултативна посета на Канони и палата Ахилеон. Канони е познат по еден од најубавите видиковци на островот, од каде се пружа импресивен поглед кон островот на глувчињата и црквата Влахерна. Од десната страна се гледа еден од најмалите комерцијални аеродроми во Европа, каде што во летниот период посетителите имаат можност да ги набљудуваат авионите како слетуваат буквално над нивните глави – уникатно искуство за љубителите на авијација.
Следува кратка пауза за фотографии, по што групата се упатува кон Ахилеон, познатата палата изградена од австро-унгарската императорка Елизабета, позната како принцезата Сиси. Оваа палата служела како нејзина летна резиденција до трагичната смрт на императорката, по што долго време останала напуштена, се додека во 1907 година не била купена од германскиот император Вилхелм II.
Денес, палатата функционира како музеј со прекрасно уредени градини, скулптури, фрески и други уметнички дела. Посетата нуди можност да се запознаете со богатата митологија и историја на островот, како и со животот на императорката, чија трагедија и стремеж кон вечна младост и убавина ја обликувале нејзината личност и палата. Главната тема на архитектурата е херојот Ахил, по кој палатата го добива своето име, а вниманието кон деталите и убавината на просториите и Царската градина го прави искуството незаборавно.
Во договорено време заминување кон Македонија.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ: 149 ЕВРА
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ: 209 ЕВРА
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- 3 ноќевања во апартмани на Ипсос, или во Hotel Ipsos di Mare 3* со појадок
- Aвтобуски превоз на наведената релација
- Повратен билет за траект Игуменица-Крф-Игуменица
- 2 посети на градот Керкира за време дочек на Велигден
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Превоз од Скопје, Велес, Црна Река, Прилеп и Битола
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Посета на градот Керкира за Велики петок - 10 евра
- Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис – 25 евра (посета на аквариум по желба - 12 евра по лице)
- Посета на видиковецот Канони и Палатата Ахилеон – 25 евра
ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ – 50 ЕВРА (се плаќаат во автобус)
- Климата се употребува по желба со доплата од 20 евра по соба за сите три ноќевања за апартманското сместување (се плаќа на лице место)
- Туристичка такса за апартманско сместување 6 евра од соба / хотелско сместување 15 евра од соба за целиот престој
- Патничко осигурување
НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- За single соба се доплаќа дополнителни 75 евра за апартманско сместување и 150 евра за хотелско сместување
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел
| Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
|---|---|---|---|---|
| 09.04.2026 | 13.04.2026 | Активна | 12958 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |
| 09.04.2026 | 13.04.2026 | Активна | 9238 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |




Translate