1ви Мај во Лептокарија

1 МАЈ

Програма

1
01.05.2026 (Петок)
    Собир на групата пред Дрводекор во Скопје во 04:00 часот наутро, по што следува поаѓање кон Грција. Патувањето се одвива со попатно приклучување на патници од Велес, Штип, Прилеп и Битола, со паузи за одмор и освежување.

    Се продолжува преку граничниот премин Меџитлија и пристигнување во Лептокарија во претпладневните часови. Сместување во хотел и слободно попладне за плажа, прошетка или уживање покрај море.

    Во вечерните часови следува вечера (за полупансион) и ноќевање.
2
02.05.2026 (Сабота)
    Појадок и слободен ден за индивидуални активности, одмор и уживање на плажа.

    Факултативна посета на Литохоро (10 € по лице): живописно гратче сместено во подножјето на Олимп, познато по традиционалната архитектура, тесните улички и локалната кујна. Одлична можност за прошетка, кафе или ручек во автентични таверни. По посетата, враќање во Лептокарија.

    Вечера (за полупансион) и ноќевање.
3
03.05.2026 (Недела)
    Појадок и одјавување од хотелот, по што следува поаѓање кон Македонија.

    Попатно е предвидена посета на Едеса – Водопади (Воден), каде што патниците ќе имаат слободно време за прошетка, кафе и фотографии во прекрасен природен амбиент.

    Во попладневните часови продолжување кон Македонија и враќање во Скопје со попатни застанувања во Битола, Прилеп, Велес и Штип.

Цена дадена по лице пакет аранжман со вклучен превоз, сместување и оброк:

 Полупансион (појадок + вечера) – 129 €

Ноќевање со појадок – 115 €

Сопствен превоз / -10 € попуст

Во цената е вклучено:
  • Превоз со туристички автобус,
  • сместување во Hotel Akrotalassia 3★,
  • Ноќевање со појадок или Ноќевање со појадок и вечера
  • Пратител за време на целото патување
❌ Во цената не е вклучено:
  • Патничко осигурување
  • туристичка такса доплата на лице место при Check In
  • Факултативна посета на Литохоро 10 еуро по лице ( за деца до 11,99 год Бесплатно)-минимум пријавени 25 платежни патници за реализација на оваа факултатива

НАПОМЕНИ:

–          За single соба се доплаќа дополнителни 90 евра

–          Патување со Сопствен превоз -10 Евра по лице

–          Дете до 5,99 со двајца возрасни плаќа само превоз 40 Евра по лице

–         Деца од 6 до 11,99 со двајца возрасни имаат 30 % попуст

–          Деца од 0 до 1,99 години Бесплатно во автобус и Хотел

–          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

–          Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

–          За овој аранжман важат општите услови на патување на НАТА 

Дата Од Дата До Статус Цена  
01.05.2026 03.05.2026 Активна 7380 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН