ОСТРОГ И БУДВА !

ЕДНОДНЕВНИ АРАНЖМАНИ

Програма

1
ПРВ ДЕН - Петок
    Состанок на групата на Дрводекор во 21:45 часот, поаѓање во 22:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до манастир Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности
2
ВТОР ДЕН - Сабота
    Патувањето го продолжуваме кон Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Ноќевања во манастирот.
3
ТРЕТ ДЕН - Недела
    По светата неделна утринска литургија се упатуваме кон Будва каде ќе имате слободно индивидуално време за прошетка во стариот град на Будва, посета на Словенска плажа и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море – Свети Стефан. Во договорено време собирање на групата и поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 НАПОМЕНА:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 50 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 300 ден. по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно не можат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Од моментот на резервација до 3 дена пред тргнување патникот може само да направи промена на резервација односно да промени термин за истиот вид на патување (доколку има места)
- За отказ или промена од 2 дена до пред тргнување агенцијата го задржува правото на задршка на 100% од аранжманот.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ