ВИЛА МАРИА - КСАМИЛ
LAST MINUTE
Вила Мариа е лоцирана во Ксамил се наоѓа на 300м од плажа, до плажа има 7мин пешачење, располага со двор и соби на 2 спрата.
Собите се лоцирани на приземје, прв и втор кат. Сите соби располагаат со сопствен тоалет, клима (вклучена во цената), кујна опремена со прибор за готвење, фиржидер, тв, балкон, комарници. Двокреветните се составени од едно дупло легло – спална, трокреветните со дупло легло и едно единечно легло, четворокреветните се со едно дупло легло и кревети на спрат.
LAST MINUTE ПОНУДА!
ТЕРМИН: 20.06-27.06.2026 - 129 ЕВРА ПО ЛИЦЕ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ!
ТЕРМИН: 27.06-04.07.2026 - 149 ЕВРА ПО ЛИЦЕ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ!
ТЕРМИН: 04.07-11.07.2026 - 159 ЕВРА ПО ЛИЦЕ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ!
*Тргнувањето со автобускиот превоз е ден претходно (секој петок)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 7 ноќевања
- Автобуски превоз
ПРЕВОЗ ЗА АЛБАНИЈА:
- Скопје (Дрводекор)
- Велес (кружен тек кај Коструницата – трансфер до Скопје) - доплата 10 евра!
- Куманово (Бензинска пупма Макпетрол - Трансфер до Скопје) - доплата 10 евра!
- Тетово (попатно)
- Гостивар (попатно - Бунар Петрол)
- Кичево (попатно – бензинска пумпа Power Petrol)
- Охрид (поаѓање од Подмоље – БесјаниПетрол)
- Струга (кружен тек – кај Нептун)
- За деца (02-11.99 год.) се одбива 10€ од цената за возрасен
- За билет во еден правец се одбива 10€
- Поаѓање од Скопје (ден претходно од термините во табелата) секој петок во 22:00h, враќање од Ксамил секоја сабота.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- За резервација на редовните цени задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра за наем на студио, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
- Уплатата може да ја извршите директно во агенција, онлајн преку веб страната или на жиро сметка
- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
- За уплатени 2 аранжмани (7+7 ноќевања) одобруваме 7% попуст на двата аранжмани
- Попустите не се комбинираат
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
- За хигиената на собите се грижат самите гости
- Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со Северна Македонија или лична карта
- Се патува преку граничен премин Ќафасан
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направени и потврдени резервации нема да подлежат на било каква промена на цената
- За оваа понуда важат општите услови за патување на Т.А Идеал Травел




Translate