ВИЕНА

НОВА ГОДИНА 2027

Програма

1
1 Ден: 30.12.2026 (СРЕДА)
    Состанок на групата во 12:30 часот на Дрводекор и поаѓање за Виена во 13:00 часот.
    Патувањето се одвива преку Република Србија и Република Унгарија, со кратки попатни паузи за царински формалности и одмор.
    Ноќно патување кон Виена.
2
2 Ден: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК)
    Пристигнување во Parndorf во претпладневните часови.
    Следува слободно време за шопинг во познатиот Designer Outlet Parndorf, еден од најпопуларните шопинг-центри во Австрија, со повеќе од 170 продавници и попусти во текот на целата година.
    Можност за шопинг во продавници на познати светски брендови како Armani, Prada, Hugo Boss, Gucci, Guess, Mango, Diesel и многу други.
    Во договорено време, продолжување на патувањето кон Виена.
    Пристигнување и сместување во хотел.
    Во договорено време, можност за факултативен разглед на Виена со туристички водич. Ќе ги запознаеме најпознатите знаменитости на австриската престолнина: Виенската опера, дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе,катедралата Св. Стефан и Стефанплац.
    Прошетката низ центарот на Виена ќе ни овозможи да ја почувствуваме посебната празнична атмосфера на градот, украсен и подготвен за дочекот на Новата година.
    По разгледот, враќање во хотел и краток одмор.
    Во договорено време, заминување кон центарот на Виена, каде што ќе имаме можност да уживаме во новогодишната атмосфера и прославата на плоштадите во срцето на градот. Можност за индивидуално уживање во празничната атмосфера, посета на барови и локали или прошетка низ осветлениот центар.
    Во договорено време, враќање во хотел.
    Ноќевање.
3
3 Ден: 01.01.2027 (ПЕТОК)
    Појадок.
    По појадокот, можност за факултативна организирана посета на дворецот Шенбрун, со разглед на неговата внатрешност со туристички водич и вклучена влезница.
    Дворецот Шенбрун е една од најпознатите палати во Европа и еден од најзначајните културно-историски споменици во Австрија. Неговите раскошни простории и прекрасните градини сведочат за животот, традицијата и раскошот на Хабсбуршката династија.
    По разгледот, слободно време за прошетка низ градините и паркот на Шенбрун, каде што посетителите можат да уживаат во прекрасниот амбиент на еден од најпознатите дворски комплекси во Европа.
    Потоа следува слободно време во центарот на Виена, кое можете да го искористите за самостојно разгледување и прошетка низ најпознатите градски улици и плоштади. Уживајте во автентичната атмосфера на градот, посетете некое од традиционалните виенски кафулиња или едноставно опуштете се и доживејте ја празничната магија на Виена. Во договорено време, враќање во хотел.
    Ноќевање.
4
4 Ден: 02.01.2027(САБОТА)
    Појадок.
    По појадокот, напуштање на хотелот.
    Следува посета на Дунавската кула (Donauturm), една од најпрепознатливите знаменитости на Виена и симбол на современиот град. Кулата е висока околу 150 метри и се наоѓа во живописниот Дунавски парк, опкружена со зеленило и пространи пешачки површини. Со брз лифт се пристигнува до панорамската платформа, од каде што се отвора прекрасен поглед кон Виена, Дунавот и околината. Во ведри временски услови, панорамата се протега далеку надвор од градот, овозможувајќи убав поглед кон најзначајните градски знаменитости.
    Посетата на Дунавската кула претставува можност Виена да ја доживеете од една поинаква перспектива и да направите прекрасни фотографии од височина.
    Во договорено време, поаѓање кон Македонија.
    Патувањето се одвива преку Унгарија и Србија, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
    Пристигнување во Македонија во раните утрински часови на 03.01.2027 (НЕДЕЛА).

ПРОМО ЦЕНА: 199 ЕВРА ПО ЛИЦЕсо задолжителен пакет 110 евра по лице

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Воцената е вклучено:
- Превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во околина на Виена
- Посета на аутлетот Parndorf
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
- Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Макпетрол (Дреново) и Велес

Во цената не е вклучено:
- Разглед на Виена -
20 евра
- Факултативен излет на внатрешноста на дворецот Шенбрун со вклучена влезница и негов разглед со локален водич -
70евра
- Посета на Дунавската кула со вклучена влезница -
30 евра
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување 

НАПОМЕНИ:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 100 евра 

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

-          Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква

-          Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

-          Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел           

 

ВНИМАНИЕ!

Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договоро

Дата Од Дата До Статус Цена  
30.12.2026 02.01.2027 Активна 12338 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН